​ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни зошто лично го презел тендерот за модуларната болница

Партијата ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до медиумите го повика претседателот на СДСМ, Венко Филипче, јавно да одговори зошто лично го презел и реализирал тендерот за изградба на модуларната болница, иако постапката требало да ја спроведе Министерството за локална самоуправа.

​Во соопштението се поставува прашањето зошто тогашниот министер за локална самоуправа одбил да го потпише договорот, иако тој и поранешниот премиер Зоран Заев му ја наметнувале процедурата.

​Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сè додека не даде јасен одговор, Филипче нема никаков кредибилитет да зборува за било што, и го нарекуваат „заложник на семејството од Струмица“.