Опозициската партија СДСМ со соопштение реагираше на последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски за наводни хибридни напади од странски центри. СДСМ тврди дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што е неспособна, туку и делува во целосна конфузија, бидејќи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, јавно го демантирал премиерот.
Според СДСМ, Мицкоски со своите изјави се обидува да ја префрли вината врз граѓаните и да го искористи „хибридниот напад“ како „смешно алиби“ за неговата неспособност да се справи со проблемите.
СДСМ истакнува дека во изминатите 15 месеци, власта на ВМРО-ДПМНЕ измислила пет различни сценарија за дестабилизација, странски служби, дронови и следење.
„Неспособност не може да се покрие со изговори, таа се гледа и граѓаните многу добро ја знаат затоа што ја плаќаат со најважното нешто, нивното здравје“, се вели во соопштението.
Од СДСМ наведуваат дека резултатите од владеењето на Мицкоски се катастрофални:
- Депониите горат.
- Воздухот не се дише.
- Канцерогените материи се зголемуваат.
- Институциите се парализирани.