Како што е веќе објавено, Илија С. е убиецот на неговата бивша девојка и нејзиниот татко. По злосторството, тој си го одзеде животот.
Според информациите кои се појавија во јавноста, жртвата неколкупати го пријавувала Стефановски во полиција поради закани по нејзиниот живот и животот на нејзиниот татко. Исто така, претходно имало и случај со палење на нејзиното возило.
Покрај трагичниот настан, во медиумите се спомена и неговото занимање. Илија С. беше познат како мултидисциплинарен уметник, основач на брендот [0.10] error of harmony. Тој се занимаваше со скејтбординг, моден дизајн, фотографија, видео, а имаше и архитектонски корени.