Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот, облачноста ќе се зголеми.
- Минималната температура ќе се движи од 8 до 16°C.
- Максималната температура ќе достигне од 27 до 33°C.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде 14°C, а максималната ќе достигне 33°C.
Според УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево време. Единствено во среда се очекува променливо облачно време со сончеви периоди.
Во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, што ќе предизвика пад на дневните температури за неколку степени.