Марш за ангелите во Кочани: Шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Денеска се навршуваат точно шест месеци од пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади луѓе.

​Во знак на сеќавање, родителите на загинатите организираат „Марш за Ангелите“. Собирот ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе помине низ клучни институции, вклучувајќи ги општинската зграда, УЈП, полициската станица, кочанскиот суд и јавното обвинителство. Маршот ќе заврши на почетната локација.