Голем пожар во сервис за возила во Пинтија, изгаснат по двочасовна интервенција

Рано утринава, пред 4 часот, избувнал голем пожар во сервис за возила во месноста Каменик, во скопската населба Пинтија. Во објектот имало повеќе автомобили, масла и други лесно запаливи материи.

​Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека скопската Бригада за противпожарна заштита интервенирала со осум противпожарни возила. По тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат два часа подоцна.

​Засега нема информации за причината за пожарот, ниту пак за повредени лица.

​Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), утринава во земјава има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а два се под контрола.

​Активен е пожарот во Општина Гевгелија, кај селото Петрово, на планината Кожув.

​Под контрола се пожарите на депонијата „Дрисла“ и во скопското село Трубарево, каде гореше електронски и електричен отпад.