Поранешниот португалски министер за надворешни работи, Кравињо, го поддржа Османи за градоначалник на Чаир

Жоао Гомеш Кравињо, поранешен министер за надворешни работи на Португалија, со видео-порака изрази силна поддршка за кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на општина Чаир.

​Кравињо, кој е меѓународно реномиран дипломат, истакна дека Османи е исклучително импресивен и го пофали неговото лидерство во европските прашања и успешното претседавање со ОБСЕ.

​„Неговото претседавање со ОБСЕ, неговото лидерство во европските прашања, мудроста на неговиот глас – сето тоа покажува дека Чаир има многу добра шанса доколку Бујар стане градоначалник,” рече Кравињо.

​Во својата порака, тој нагласи дека со Османи на чело, општината Чаир ќе добие лидер кој ќе може да отвори важни врати за меѓународна соработка и развој.

​„Верувам дека со Бујар ќе биде многу полесно да се отворат сите меѓународни врати кои треба да се отворат. Со Бујар, иднината на Чаир е насмеана иднина”, порача Кравињо.