Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се идентификувани околу двеесетина лица за кои постои основано сомневање дека стојат зад серијата пожари. Тој нагласи дека се работи за центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите.
„Додека сум јас во Јегуновце, заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се од прилика дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади овој процес“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека институциите, во координирана акција, ќе постапуваат во наредните денови.
Снимка како доказ за подметнување
Мицкоски посочи дека утринава се појавила јасна снимка од подметнување пожар во сервисот за автомобили во Пинтија. Според него, ова е само уште еден доказ за неговите тврдења дека одредени центри на моќ со подметнување пожари се обидуваат да создадат нестабилност и паника во јавноста.
На крајот, тој порача дека и покрај обидите за „конструирање и подметнување“, неговата влада ќе продолжи чесно да работи и на крајот ќе победи.