Рубен Аморим останува тренер на Манчестер јунајтед и покрај лошите резултати

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека нема да ја менува својата фудбалска филозофија и покрај лошиот старт на сезоната, а челниците на клубот, пак, го поддржуваат во неговата одлука.

​Според „Скај Спортс“, раководството на клубот има долгорочен план и нема да презема избрзани реакции, без разлика на притисокот од јавноста.

​По заминувањето на Сер Алекс Фергусон пред 12 години, клубот промени осум тренери и двајца привремени тренери.

​Иако управата на клубот го поддржува Аморим, „Скај Спортс“ наведува дека тренерот мора да постигне добар резултат во претстојниот натпревар против Челзи овој викенд, во спротивно повиците за негово отпуштање ќе станат уште погласни.

​Во неделата, Јунајтед го загуби дербито од Манчестер Сити со 0:3.

​Со само четири бода од првите четири натпревари, тимот го има најлошиот старт во Премиер лигата од сезоната 1992/1993.

​Јунајтед беше елиминиран и од Лига купот по сензационален пораз од четвртолигашот Гримсби на пенали.

​Минатата сезона, Јунајтед освои најмалку бодови во историјата на клубот во Премиер лигата, со само 42 бода.