СДСМ: Власта излажа за учебниците, учениците трпат последици

Според соопштението на СДСМ, повеќе од две недели по почетокот на учебната година, мнозинство ученици и училишта сѐ уште немаат учебници. Партијата тврди дека ова е резултат на неспособноста на актуелната власт.

​СДСМ ја критикува изјавата на министерката Јаневска дека проблемот ќе се решава со донации, што, според нив, е признание за „дебаклот“ и неисполнетото ветување од 11 јуни дека сите учебници ќе бидат обезбедени до 1 септември.

​„Со една работа само се пофалија и за таа излажаа“, се вели во соопштението.

​СДСМ нагласува дека цената за овој пропуст ја плаќаат учениците и нивните родители, кои се соочуваат со хаос во наставата и дополнителен стрес. Партијата бара одговорност за пропустите и сериозен план за да се спречат вакви ситуации во иднина.