Арсенал го победи Атлетик Билбао со 2:0 на стадионот „Сан Мамес“, иако не прикажа спектакуларна игра. Клучни за победата беа играчите од клупата за резерви. Габриел Мартинели постигна гол само 15 секунди по влегувањето во игра во 72. минута, додека Леандро Тросар го постави конечниот резултат во 87. минута.
На стадионот „Филипс“ во Ајндховен, ПСВ претрпе шокантен пораз од Унион Сен Жилоа со резултат 3:1. Гостите од Белгија поведоа уште во 9. минута со гол од пенал, а половина час подоцна, Ел Хаџ ја зголеми предноста на 2:0.
Победата за Унион Сен Жилоа ја потврди Кевин Мекалистер, братот на фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер. Единствениот гол за ПСВ го постигна Ван Бомел во 90. минута од натпреварот.