Шејн Ларкин се повлече од турската репрезентација

Плејмејкерот на кошаркарската репрезентација на Турција, Шејн Ларкин, објави дека става крај на своите настапи за националниот тим. Одлуката ја соопшти на социјалните мрежи, по освојувањето на сребрениот медал на Европското првенство.

​Во својата објава, Ларкин напиша дека се чувствува како Турција да му е втор дом и дека е исклучително благодарен за прифаќањето и поддршката што ја добивал.

​„Начинот на кој бев прифатен и ме поддржаа не може да се опише, иако главната цел не беше остварена, а тоа беше освојување на златниот медал. Поддршката што ја добивавме од целата земја, е повеќе од самиот медал“, напиша Ларкин.

​На крајот, на турски јазик порача дека му било чест и привилегија да го носи дресот и да игра за Турција, и дека засекогаш ќе се чувствува како еден од нив.

​Ларкин на Евробаскетот имаше просек од 11,6 поени и 5,1 асистенции.