Израелскиот министер за одбрана: Ако Хамас не ги ослободи заложниците, Појасот Газа ќе биде уништен

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека Појасот Газа ќе биде уништен доколку Хамас не ги ослободи заложниците и не го положи оружјето.

​„Бараме од Хамас само две работи, а тие нема да ги сторат доброволно: да ги ослободат сите заложници и да се разоружат“, рече Кац за време на посетата на седиштето на 162-та дивизија.

​Кац нагласи дека целта на нападот е да се порази Хамас, што истовремено создава притисок за ослободување на заложниците. Тој додаде дека Израел сака да ја преземе контролата врз Газа, бидејќи таа претставува главен симбол на владеењето на Хамас.