Апасиев: Дали е антимакедонски чин кандидирање Македонец за градоначалник на Струга?

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Левица „ѝ фрла гума за спасување на ДУИ“ со кандидирање свои кадри во општини со мнозинско албанско население.

​Апасиев на својата јавна објава напиша: „Мицика ги убедува Македонците дека кандидирањето Македонец за градоначалник на Струга било “антимакедонски чин”!? Ауууу сине-брат… Па ти пролупа уште пред да почнат избориве.“

​Обвинувањата на Мицкоски и одговорот на Левица

​Според премиерот Мицкоски, Левица нема теоретски шанси за победа во општините Тетово, Гостивар и Струга, и со тоа, според него, им помага на ДУИ. Тој смета дека тоа е „очигледна игра“, бидејќи Левица нема кандидати во општини како Јегуновце, Теарце и Велес, каде што би имале поголеми шанси.

​Од Левица, пак, велат дека „поврзувањата со ДУИ се крајно смешни“ и го прашуваат Мицкоски: „Дали според вас македонскиот народ треба да гласа за кандидати како Касами кој отворено заговара федерализација на Македонија и негира сè што е македонско?“

​Левица ги кандидираше Јована Мојсоска за градоначалник на Струга, Катка Божиновска за Тетово и Дарко Грујоски за Гостивар.