По трагичниот настан во Велес, каде поранешен партнер уби жена и нејзиниот татко, Зана Џаферовска од Форумот на Жени на СДСМ денеска излезе со изјава пред Министерството за внатрешни работи. Таа побара итно разрешување на целиот СВР Велес, како и одговорност од министерот Панче Тошковски.
Џаферовска нагласи дека трагедијата можела да биде спречена бидејќи жртвата повеќепати пријавувала закани и насилство, според некои медиуми, над 70 пати.
„Полицијата знаела, социјалните служби знаеле, институциите не мрднале со прст“, изјави таа.
Од СДСМ порачаа дека институциите не успеале да заштитат два човечки животи и дека нивното молчење довело до фатални последици.
„Ова е порака до сите нас дека системот потфрли. А кога системот не ги штити жените тогаш мора да има одговорност и тој систем мора да се промени од корен“, истакна Џаферовска.
На крајот, таа праша: „Уште колку човечки животи треба да згаснат за Тошковски да понесе одговорност?“