Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните поддржувачи од Тетово упатија остра осуда за синоќешната средба на градоначалникот Билал Касами со Шпатим Положани во неговиот кабинет.
Според соопштението, средбата е неприфатлива поради минатите изјави на Положани. Сојузот потсетува дека во јуни 2009 година, Положани предводел иницијатива за федерализација на Македонија. Дополнително, се наведува дека во ноември 2017 година, тој изјавил дека „Албанците се 50% од Македонија и треба да одлучат дали оваа држава ќе постои или не“.