Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на администрацијата

​Рускиот претседател Владимир Путин со декрет го разреши Дмитриј Козак од должноста заменик-шеф на руската претседателска администрација. Причината за овој потег не е наведена во декретот, но од Кремљ претходно беше соопштено дека Козак поднел оставка.

​Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Козак поднел оставка на сопствено барање.

​Руските медиуми јавуваат дека Козак разгледува можности за влез во бизнис секторот.

​Дмитриј Козак е долгогодишен соработник на Путин, уште од 1990-те години, кога заедно работеа во администрацијата на Санкт Петербург. Тој одигра клучна улога во надгледувањето на организацијата на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.