На 18 септември 2025 година, полицијата во Гостивар ја приведе А.Б. (19), турска државјанка со престој во земјата, откако кај неа биле пронајдени таблети и марихуана.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во станот и помошните простории што ги користела, при што биле пронајдени и одземени:
- Дробилка со остатоци од марихуана.
- Таблети и бела прашкаста материја.
- Дигитална вага и ќеса со семки од канабис.
- Други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело.
А.Б. е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик.