Починато лице пронајдено во својот дом во Охрид

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека вчера во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом е пронајден починат 66-годишниот Љ.П. од Охрид.

​Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

​По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.