Сојузот на стопански комори: Цената на лебот ќе остане стабилна

​Претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Горан Ѓорѓиевски, денеска изјави дека не се очекува покачување на цената на лебот. Тој нагласи дека цената на пченицата е стабилна и дека нема да има големи флуктуации ниту кај суровото сончогледово масло.

​Во однос на владините мерки, Ѓорѓиевски истакна дека бизнис заедницата е против замрзнување на маржите и се залага за пазарно формирање на цените. Според него, клучно е доследно да се применува Законот за нефер трговски практики.

​Платите и проблемот со администрацијата

​Коментирајќи ја минималната плата, Ѓорѓиевски рече дека е неопходен одржлив баланс и дека покачувањето на минималната плата влијае на зголемување на сите останати плати.

​Тој посочи дека главниот проблем не е бизнисот, туку администрацијата.

​„Треба да научиме дека треба да работиме за да земаме плата“, изјави Ѓорѓиевски.

​Тој додаде дека квалитетните работници во приватниот сектор добиваат одлични плати, а оние кои не се задоволни, си заминуваат.