Поставени столпчиња на „Костурски херои“ за решавање на проблемот со паркирање

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека на улицата „Костурски херои“ се поставени столпчиња, со што се решил проблемот со непрописното паркирање на автомобили и таксисти кај Универзалната сала.

​Според Герасимовски, оваа мерка ја подобрила безбедноста на пешаците и овозможила непречен проток на сообраќајот и движењето на граѓаните.

​Тој истакна дека ова било едно од барањата на граѓаните на Центар од караванот „Се гледаме во маало“, нагласувајќи дека општината ги слуша и ги исполнува нивните барања.