СДСМ го честита Денот на Општина Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, заедно со Дејан Трајковски – Џонсон и Маја Стојковска, положи цвеќе пред споменикот на Ѓорче Петров по повод Денот на општината.

​Ацевски потсети дека на 20 септември 1945 година, Ханриево било преименувано во Ѓорче Петров.

​Тој нагласи дека имаат обврска да го подобрат животот на жителите и вети чесна и одговорна работа за да се постигне подобар живот.

​„Ѓорче може, мора и заслужува подобро!“, напиша Ацевски, честитајќи им го празникот на сите жители.