Временска прогноза: Сончево и топло време, температури до 31 степен

​Денеска, сабота, 20 септември 2025 година, утрото ќе биде ведро и посвежо, додека преку денот ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

​Минималната температура ќе се движи од 4 до 15 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

​Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 31 степен.

​Синоптичарите најавуваат дека и за време на викендот и на почетокот на следната недела ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурите, по што се очекува зголемување на облачноста.