Американски суд ја отфрли тужбата на Трамп против „Њујорк тајмс“ 

Федерален суд во САД ја отфрли тужбата за клевета на претседателот Доналд Трамп против весникот „Њујорк тајмс“. Причината за отфрлањето е што тужбата е непотребно долга и детална.

​Судијата Стивен Меридеј му даде на Трамп 28 дена да ја преработи тужбата, нагласувајќи дека правните документи треба да бидат напишани „фер, прецизно, директно и економично“.

​Наместо да биде долга 85 страници, како што е во моментов, судијата го советува Трамп да ја намали на 40 страници. „Тужбата не е мегафон за односи со јавноста“, напиша судијата во својата пресуда.

​Трамп објави дека го тужи весникот за клевета и бара 15 милијарди долари, тврдејќи дека весникот „премногу долго лаже, клевети и оцрнува“.

​„Њујорк тајмс“ ја отфрли тужбата како неоснована, тврдејќи дека таа „нема никаква правна вредност“ и дека претставува обид за задушување на независното известување. Весникот нагласи дека нема да биде заплашен и дека ќе продолжи да известува за фактите.

​Овој случај ја интензивира дебатата во САД за слободата на говорот.