​„МИ СЕ СМАЧИ“: Тренерот на Дарио Ивановски со брутална објава – открива валкани игри и скандал во Атлетската федерација!

Тренерот на атлетичарот Дарио Ивановски, Игор МС Јакимовски, објави дека ова ќе биде неговата последна објава за СП во Токио и дека ќе ги преиспита своите идни чекори во спортот.

​Јакимовски се осврна на скандалот што се случи пред неговото заминување, кога му била стопирана акредитацијата за Светското првенство. Тој тврди дека за тоа е одговорна претседателката на Атлетската федерација на Македонија (АФСМ), која наводно ја направила федерацијата „приватна имовина“ и ја злоупотребувала за пресметки со неистомисленици.

​Според Јакимовски, претседателката лично креирала имејл со кој било побарано да не му се издаде акредитација, што тој го нарекува „погазување на националните интереси“.

​Јакимовски тврди дека и покрај скандалот, успеал да се снајде во Токио, со поддршка од јапонскиот народ. Тој ја обвини претседателката дека не ги посетувала спортистите на натпреварувањата и дека постојат сомнежи за финансиски злоупотреби.

​Тој изрази разочарување од македонските спортски авторитети, кои, како што вели, го поддржуваат во „војната против АФСМ“, но јавно молчат и го оставаат сам во борбата.

​„МИ СЕ СМАЧИ САМ ВО ОВАА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА!!!“, напиша Јакимовски, нагласувајќи дека повеќе не сака сам да се бори за спортска правда.

​На крајот, тој порача дека ќе навива претседателката да го издржи целиот мандат без да биде сменета, бидејќи смета дека никој нема да се најде да го спречи „националниот срам“.