Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го претстави новиот тим на Комисијата за урбанизам, составен од врвни архитекти и експерти, кои ќе работат на современи и одржливи решенија за општината.
Членови на тимот се:
- Танкица Христова Спасовска
- м-р Биљана Насковиќ
- м-р Дамјан Цингарски
- Александра Марсениќ Крајчески
- Ана Лукиќ Коробар
- д-р Маја Лазаревска
- проф. д-р Митко Хаџи-Пуља
Герасимовски истакна дека тимот работи на планови за хуман развој и одржлива урбанизација, со фокус на следниве точки:
- Деталните урбанистички планови за Буњаковец и Дебар Маало предвидуваат зголемување на зелените површини, враќање на парковите на граѓаните и проширување на дрворедите.
- Се работи на изградба на подземни паркинзи и уредување на велосипедски патеки. Воведени се нови правила за градба, според кои секоја дозвола мора да предвидува паркинг-места за велосипеди, а механизираните системи за паркирање се ограничени.
- Се сопира злоупотребата на рамните кровови како тераси и се воведуваат построги правила за оградување на градилиштата.
- Прифатена е иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти.
Градоначалникот нагласи дека општината работи транспарентно и инклузивно, со активно учество на граѓаните и стручната јавност во процесот на донесување на урбанистичките планови. Исто така, додаде дека Општина Центар инвестира во реконструкција на постари станбени згради за да станат енергетски поефикасни.