ДУИ: Застој во евроинтеграциите поради „блокирачки политики“

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабока загриженост поради застојот во процесот на преговори за членство во Европската Унија. На прес-конференција, потпретседателот на партијата, Арбер Адеми, нагласи дека Македонија заостанува зад регионот, додека Црна Гора и Албанија бележат напредок.

​„Северна Македонија, и покрај напорите и реформите направени со години, продолжува да остане блокирана без отворени или затворени поглавја“, изјави Адеми.

​Според ДУИ, оваа ситуација е резултат на „блокирачките политики, неспособноста и недостатокот на искрена волја од актуелната влада“, која не планира да ги спроведе уставните измени.

​Адеми го обвини движењето „ВРЕДИ“ дека лажело пред изборите, тврдејќи дека нема да влезат во Влада без уставни измени. Тој додаде дека оваа состојба ја загрозува европската перспектива на земјата и аспирациите на граѓаните, особено на младите.

​ДУИ повикува на итно забрзување на чекорите кон отворање на преговарачките поглавја и отстранување на опструктивните политики. Партијата нагласи дека се залага за транспарентен ангажман во насока на постигнување на стратешката цел на земјата – полноправно членство во ЕУ.

​„ДУИ секогаш ќе биде на страната на граѓаните и на европската иднина на Северна Македонија, како единствен пат што гарантира стабилност, безбедност и развој за сите“, порача Адеми.