Пријавен случај на физичко и психичко малтретирање на 12-годишно девојче во Штип

Дванаесетгодишно девојче од Штип три месеци било физички напаѓано и психички малтретирано, а инцидентите биле снимени со мобилен телефон. Случајот вчера во СВР Штип го пријавила 25-годишната сестра на девојчето, С.Д.

​Според пријавата, насилството било извршено од 13-годишна малолетничка.

​Од МВР информираат дека во полициска станица, во присуство на нивните родители, бил извршен службен разговор со напаѓачката и со уште едно малолетно лице. По целосното расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.