Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо, кој пред точно две децении ја освои „Златната топка“, ќе ја додели истата награда на новиот „крал“ на фудбалот. Церемонијата ќе се одржи во понеделник во Париз.
Најголеми кандидати за престижното признание се Усман Дембеле од ПСЖ и Ламин Јамал од Барселона.
Интересен факт е што Роналдињо има силна поврзаност со двата клуба, бидејќи најдобрите години од својата кариера ги помина токму во ПСЖ и Барселона.