Триесет и петгодишниот А.Г. од скопското село Кондово е уапсен и му е одреден притвор поради палење возило.
На 20 септември 2025 година, околу 9 часот, А.Г. со употреба на бензин го запалил патничкото возило „мерцедес“, сопственост на 51-годишниот Ш.Ѓ. од истото село.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Г. за кривично дело „предизвикување општа опасност“. Од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.