Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Сиљановска-Давкова ќе се обрати на генералната дебата, а ќе учествува и на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво. Предвидена е средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и други билатерални средби со светски лидери.
Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“.
За време на посетата на САД, претседателката Сиљановска-Давкова ќе го посети и градот Детроит.