Запрен и приведен возач на патот Гостивар-Кичево за безобѕирно возење

Полициски службеници од Гостивар вчера, околу 17:30 часот, го привеле Б.Р. (32) од село Форино, кој со своето „бмв“ со швајцарски регистарски ознаки престигнувал колона возила во непрегледна кривина на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

​По неговото задржување во полициска станица, против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.