Португалија ја призна Палестина, поддржува решение со две држави

​Португалија синоќа официјално ја призна независноста на палестинската држава, соопшти министерот за надворешни работи, Пауло Рангел.

​Со овој потег, Португалија им се придружува на Велика Британија, Канада и Австралија, кои исто така ја признаа Палестина.

​„Признавањето на државата Палестина е исполнување на фундаменталната, конзистентна и широко прифатена политика“, изјави Рангел пред новинарите во Њујорк, додавајќи дека Португалија се залага за решение со две држави, како единствен начин за постигнување траен мир меѓу Израел и Палестина.

​Во моментов, независноста на палестинската држава е поддржана од повеќе од 150 земји во светот.