Играчите и персоналот на ПСЖ нема да присуствуваат на церемонијата за „Златната топка“

Ниту еден од играчите и тренерскиот персонал на Пари Сен Жермен нема да присуствува на вечерашната гала-церемонија за доделување на престижната награда „Златна топка“. Причината е одложувањето на големото дерби со Олимпик Марсеј, кое ќе се одигра во исто време.

​Натпреварот првично беше закажан за недела, но беше одложен за 24 часа поради лошото време и обилните врнежи од дожд. Оваа промена значи дека голем дел од тимот, вклучувајќи ги Витиња, Хакими и тренерот Луис Енрике, нема да може да присуствува на настанот.

​Единствен исклучок е Осман Дембеле, кој е повреден и нема да игра. Неговото присуство се смета за особено важно, бидејќи тој е главен фаворит за освојување на наградата за најдобар фудбалер во светот.

​Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, предложи натпреварот да се игра порано во текот на денот, но Марсеј одби од почит кон своите навивачи. Лига 1 застана на страната на Олимпик Марсеј и го потврди терминот во понеделник од 20:00 часот.