Сергеј Милинковиќ-Савиќ се враќа во Италија

​Поранешната ѕвезда на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, би можел да се врати во италијанската Серија А, но овојпат во дресот на Јувентус. Медиумите во Италија известуваат дека Јувентус го гледа српскиот фудбалер од средниот ред како идеално засилување.

​Тренерот на „старата дама“, Игор Тудор, се пожалил на недостатокот на квалитетни играчи во средниот ред, а раководството веднаш започнало со потрагата по соодветно решение.

​Од друга страна, и самиот Милинковиќ-Савиќ, кој моментно настапува за Ал Хилал во Саудиска Арабија, е заинтересиран за враќање во Европа. Доколку трансферот се реализира, тој ќе стане третиот Србин во тимот на Јувентус, заедно со Душан Влаховиќ и Филип Костиќ.

​Ова не е првпат Јувентус да пројавува интерес за него. Тие се обидувале да го доведат и додека играше за Лацио, но без успех.

​За време на осумте години поминати во Лацио, Милинковиќ-Савиќ забележа одлични бројки: 341 настап, 69 гола и 58 асистенции. Во Ал Хилал, за две години, има 100 настапи со 29 гола и 25 асистенции.