Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова. Главна тема на разговор беа европските интеграции на Македонија, при што Филипче ја нагласи важноста од забрзување на пристапниот процес.
Филипче истакна дека членството во ЕУ е национален интерес и дека е неопходно да се најде решение за да се одблокира процесот и да се фати чекор со другите држави од регионот. Во таа насока, тој најави дека се подготвува Резолуција која ќе служи како гаранција за заштита на националните интереси од евентуални дополнителни барања надвор од Преговарачката рамка.
Амбасадорката Хрицова потврди дека Словачка останува силен поддржувач на проширувањето на ЕУ и ќе продолжи да биде сојузник на Македонија на нејзиниот европски пат. Таа истакна дека од земјата се очекува лидерство и посветеност на реформската агенда.
На крајот од средбата, Филипче ѝ посака успешен мандат на амбасадорката и изрази верба дека соработката меѓу двете земји, особено во пристапните преговори, ќе се унапреди.