Арсовска: „Комунална хигиена“ ја води осудена претседателка, обвинувања за партиски влијанија

​Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на својот Фејсбук-профил објави дека Јулијана Спировска, претседателка на Управниот одбор на „Комунална хигиена“, е осудена за две тешки кривични дела и е поставена на позиција од ВМРО.

​Арсовска се осврна на состојбата со хигиената во градот, порачувајќи му на Орце Ѓорѓиевски дека ако сака почист град, треба да ѝ се јави на Спировска.

​„Иначе женава со кривично досие за ХАОСОТ што го предизвикува во Комунална хигиена, ќе биде наградена со советничко место во општина Бутел“, напиша Арсовска.

​Таа ја обвини Државната изборна комисија (ДИК) дека со правилник го дерогира Законот и дозволува осудени лица да ги водат општините.

​Арсовска нагласи дека сите управни и надзорни одбори во скопските јавни претпријатија, вклучувајќи ги и училишните одбори, се раководени од кадри на ВМРО и ВЛЕН. Таа истакна дека вработените во „Комунална хигиена“ работат макотрпно и се борат со „партиските демони на суетни самобендисани политичари“.