На свечената церемонија за доделување на „Златната топка“ во Париз, младиот играч на Барселона, Ламин Јамал, ја доби наградата „Копа“ за најдобар млад фудбалер.
Со ова, Јамал стана првиот фудбалер во историјата што ја одбранил оваа награда, откако ја освои и минатата година.
На сцената, водителите го прашаа дали е подготвен да ја освои и главната награда, а Јамал скромно одговори: „Не знам“.