Адвокатот Жарко Стеваноски на својот Фејсбук-профил тврди дека Министерството за внатрешни работи (МВР) во Прилеп, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, незаконски казнувало граѓани за погрешно паркирање.
Стеваноски посочува дека според член 348 од законот, режимот на сообраќај на локалните патишта и улици го утврдува општината со решение и согласност од МВР. Тоа вклучува и одредување места за паркирање. Според него, Општина Прилеп нема извршено технички прием на новото булеварско решение на булеварот „Гоце Делчев“, на кружните текови и на реконструираните улици, што е предуслов за спроведување на сообраќајниот режим.
Адвокатот ги предупредува граѓаните да размислат пред да ги платат казните за паркирање, бидејќи МВР ги празнe домашните буџети на прилепчани со незаконски казни.
Стеваноски најави дека лично ќе поднесе кривична пријава против службени лица од Полициската станица во Прилеп и одговорните лица од Општина Прилеп, за кривични дела поврзани со безбедноста на сообраќајот и службената должност.