Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со 120 хигиеничари и возила на ПОЦ (Паркинзи на Општина Центар), вечерва спроведува ноќна акција за чистење на малите депонии околу контејнерите на улицата „Народен фронт“ во населбата Капиштец.
Досега е расчистено ѓубрето околу контејнерите кај Цветен пазар, а акцијата продолжува по должината на целата улица. По собирањето на отпадот, екипите ги мијат просторите околу контејнерите со цистерна.
Герасимовски најави дека акцијата ќе продолжи и утре наутро во другите населби, со надеж дека „Комунална хигиена“ ќе ги испразни контејнерите.