Коалицијата ВРЕДИ ја обвини ДУИ за склучување сојуз со партијата Левица. Според ВРЕДИ, ова е „селотejп коалиција Таравари – Села – Ахмети“ која е засрамена од очекуваниот пораз на 19 октомври.
„Ова е најголемото демаскирање по 20 години ветувања за интеграција, денес тие стануваат партнери со Левица само за парче власт“, се вели во соопштението.
Прашања до Али Ахмети
ВРЕДИ упати неколку прашања до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, барајќи одговори на јавни прашања:
- Зошто го толерирал градоначалникот на Липково да „краде и да ги труе жителите со арсен“?
- Зошто ги заштитува лицата прогласени за „нон грата“ од САД поради корупција?
- Кога била неговата последна средба со релевантен меѓународен фактор?
Од ВРЕДИ порачаа дека светот веќе знае која е ДУИ и дека на 19 октомври ќе го добијат заслужениот одговор од гласачите.