Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од партијата ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, изрази благодарност до министерката за образование, Проф. д-р Весна Јаневска, за нејзината поддршка и доверба.
Во својата објава, Лабудовиќ нагласи дека заедно со Владата и другите институции ќе работат на вистински решенија за клучните проблеми на општината: урбанизмот, сообраќајот, образованието и екологијата. Тој истакна дека „Центар е срцето на Скопје и заслужува посебна грижа“.
Лабудовиќ е убеден дека на овие избори, коалицијата ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ ги носат потребните промени за општината. Според него, на Центар му треба „ресет во сите области и нов систем“ за темелно да се променат работите и да се направи општината подобро место за живеење.