Митовски: Крај на хаосот и безредието во Гази Баба

​Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, на прес-конференција истакна дека општинската програма за овие локални избори е направена врз основа на маалските средби и разговорите со граѓаните.

​„Гази Баба денес се дави во безредие, хаос, нехигиена, диви депонии и градежно беззаконие. Таква општина повеќе не смее да продолжи“, изјави Митовски.

​Тој најави дека доколку победи на изборите, во неговиот четиригодишен мандат Гази Баба ќе добие модерен и урбан лик. Како дел од клучните проекти, Митовски ги наведе:

​Решавање на проблемот со кучињата скитници: Општината ќе добие сопствен стационар за да стане прва со нула кучиња скитници.

​- Изградба на спортски сали и затворен базен.

​- Реновирање на домовите за култура со кино-сали и летно кино на отворено.

​- Поставување атмосферска канализација и асфалтирање на улиците каде што е потребно.

​- Конечно решавање на проблемот со недостиг на питка вода.

​- Дел од буџетот секоја година ќе го креираат самите млади, според нивните идеи и приоритети.

​- Субвенции од 50% од котизацијата за тезгите со цел да се намали бројот на диви пазарџии.

​Митовски нагласи дека граѓаните повеќе не треба да бидат „изиграни“ и верува дека ќе ја поддржат визијата за чиста, урбана и модерна општина.