Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека од централниот буџет се финансирани проекти во Штип во вредност од повеќе од 7 милиони евра, со цел да се поттикне развојот на градот. Тој го изјави ова на отворањето на новиот затворен базен во Штип.
Мицкоски нагласи дека базенот е еден од владините проекти, финансиран најголем дел од Министерството за спорт, со учество и на општината.
„Јас сум убеден дека градоначалникот, како и досега, така и во иднина, со вонредниот свој, би рекол, проектен менаџмент, ќе ги сработи овие проекти, и ќе додаде вредност во животот на Штип“, истакна премиерот.