Временска прогноза: Сончево и топло, од петок доаѓа дожд и заладување

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

​Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени.

​Максималните температури ќе достигнат од 28 до 33 степени.

​Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло, со минимална температура до 13 и максимална до 33 степени.

​Во четврток попладне се очекуваат услови за изолирани краткотрајни дождови и грмежи.

​Од петок, под влијание на влажни воздушни маси, времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни. Дневната температура значително ќе опадне, особено за време на викендот и на почетокот на следната недела.