Утре наутро ќе се спроведе авионска дезинсекција на подрачјето на Град Скопје за уништување на ларвите од комарци.
Од Градот Скопје информираат дека доколку временските услови не дозволат прскањето да се реализира утре, активноста ќе се изврши наредниот ден, кога ќе има поволни услови.
Се апелира до пчеларите навремено да ги заштитат своите пчели.