Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека во текот на вчерашниот ден, општинските хигиеничари, користејќи ја новата механизација, го собрале целиот смет од улиците во Центар.
„Целиот смет е собран од центарските улици. Нашите вредни хигиеничари вчера чистеа и во населбата Кале, а потоа со цистерна ги миеја улиците. Самите го исчистивме Центар, додека Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена” го преплавија цело Скопје со смет“, изјави Герасимовски.
Тој им се заблагодари на општинските хигиеничари за нивната секојдневна и неуморна работа за почиста општина.