ЈП Паркинзи на Општина Центар започнува сертификација на ISO стандарди

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ соопшти дека за првпат започнува со имплементација и сертификација на два светски признаени ISO стандарди.

​Официјално е потпишан договор со меѓународното сертификационо тело Интерцерт (Intercert ISO Certification), а стандардите што ќе бидат воведени се:

  • ​ISO 9001 – стандард за управување со квалитет на услугите.
  • ​ISO 14001 – стандард за управување со животната средина и одржливо работење.

​Од претпријатието истакнуваат дека оваа сертификација ќе значи подобри услуги, поголема ефикасност во работењето и вистинска грижа за одржлива иднина.