Сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија за пласман на Светското првенство 2026 се целосно распродадени.
Во изминатите три недели, речиси 1.000 билети беа ставени на располагање преку официјалната онлајн платформа на ФФМ и истите се комплетно резервирани.
Од Фудбалската федерација на Македонија упатија благодарност до навивачите за големиот интерес и поддршката која репрезентацијата ќе ја има во Гент.