Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека во неговиот мандат општината целосно ја поддржала урбаната велосипедска култура.
Герасимовски истакна дека доделиле над 500 субвенции за велосипеди, изградиле велосипедски патеки и секојдневно поставуваат нови паркинзи за велосипеди и тротинети.
Неговата цел е да ги поттикне жителите на Центар на поздрави навики и да ја подигне еко-свеста кај граѓаните.